Управен одбор

Простор

Центар за обука Центарот за обука претставува опремена и уредена сала со површина од околу 80 м2, на приземје, со директна дневна светлина, лесно

Повеќе »
Play Video
Play Video

Управен одбор

 Управниот одбор е извршен орган на Комората.

– Претседателот на Управниот одбор е и Претседател на Комората.
– Управниот одбор е заедно со претседателот на Управниот Одбор брои 7 членови.
– Седниците на Управниот Одбор ги свикува Претседателот на Управниот Одбор.
– Седницата на Управниот Одбор може да биде свикана и на барање на една третина од членовите од вкупниот број на Управниот Одбор.
– Управниот Одбор полноважно може да одлучува ако на седницата присуствуваат повеќе од половина членови на Управниот Одбор.
– Управниот одбор своите одлуки по правило ги донесува со мнозинство на гласови на присутните членови на седницата на Управниот Одбор, освен за оние за кои е потребно посебно мнозинство.
– Начинот на свикување на седниците на Управниот Одбор се регулира со деловник за работа на Управниот Одбор.
– На Претседателот на Управниот Одбор и членовите на Управниот одбор им следува надомест за работата.
– Висината на надоместокот се утврдува со посебна одлука на Управниот Одбор на Комората.
– Членовите на Управниот Одбор ги избира Собранието, со мандат од 4 ( четири ) години, на тајно гласање.
– За член на Управен Одбор може да се избере само лице со легитимација за вршење на работи на приватно обезбедување. Вработено во правно лице кое е здружено во Комората.

Управниот одбор ги има следниве права и обврски:

– ги подготвува седниците на Собранието на Комората,

– ги извршува одлуките на Собранието на Комората,

– го утврдува Нацрт на Статутот и други акти на Комората,

– одлучува по жалбите против одлуките на дисциплинскиот совет донесени во дисциплинска постапка,

– ја утврдува годишната пресметка,

– ја контролира уплатата на чланарината и презема соодветни мерки против оние правни лица што не ја подмириле во определениот рок,

– редовно подготвува и доставува предлози и мислење до Министерот за вантрешни работи,

– се грижи за обезбедување на законитоста и правната примена на прописите, презема мерки за заштита на Комората, донесува програма за работа за тековната година во согласност со програмата на Собранието на Комората, Управниот одбор одлучува и за други прашања кои се со закон и со овој статут ставени во негова надлежност како и за оние прашања кое се од интерес на Комората, а не се определува надлежност на било кој друг орган.

Управниот одбор ако управува и работи спротивно на законските прописи, Статутот и други акти на Комората или причини штета на Комората или нејзин член како и доколку работи не ефикасно Собранието, по предлог на Надзорниот Одбор може да го разреши целиот Управен Одбор или негов член и пред истекот на мандатот и тоа :

1.  Ако управува и работи спротивно на законските прописи, Статутот и другите акти на Комората.

2.  Ако причини штета на Комората или нејзин член.

3.  Ако не ги врши своите должности или не ги врши одговорно, или ги врши неблаговремено.

4.  Ако Управниот одбор не подготви и не поднесе извештај до Собранието на Комората.

5.  Ако член на Управниот одбор отсуствува два пати неоправдано од седницата на Управниот одбор.

6.  Ако член на Управниот Одбор му е изречена дисциплинска мерка

7.  Ако член на Управниот Одбор со правосилна одлука е осуден за сторено кривично дело, со ефективна казна затвор во времетраење од најмалку 6 ( шест) месеци.

8.  Ако член на Управен Одбор повеќе нема легитимација.

Доколку бидат разрешени најмалку 4 ( четири ) члена на Управниот Одбор поради причини наведени во став 1, точка 1-8 од овој член, Управниот Одбор се распушта и се спроведува постапка за избор на нови членови на Управен Одбор.

Верица Милеска Стефановска – Претседател

Собранието ги избра:

Управен Одбор
Горан Наумовски-Перпетуумобиле, Скопје
Мирољуб Давидов-Секјурити Груп Сервисис, Скопје
Верица Милеска Стефановска-МДН Обезбеднување, Скопје
Самир Билбилоски-2 СС, Кичево
Цветко Чолески-Питон, Охрид
Маја Бојчевска Ѓорѓиевска-ОСА, Скопје
Дарко Блажевски-Дрисла, Скопје