Легитимација

Простор

Центар за обука Центарот за обука претставува опремена и уредена сала со површина од околу 80 м2, на приземје, со директна дневна светлина, лесно

Повеќе »

Легитимација

Закон за приватно обезбедување (Сл.весник на РМ бр.166/12)

Легитимација за обезбедување

Член 25

(1) За вршење приватно обезбедување се издава:

1. легитимација за физичко обезбедување и

2. легитимација за техничко обезбедување.

(2) Легитимациите за обезбедување од став (1) на овој член се издаваат на правно лицето кое врши приватно обезбедување за физичко лице кое ги исполнува следнива услови:

1. поседува лиценца за физичко обезбедување, односно лиценца за техничко обезбедување и

2. има засновано работен однос во правното лице кое врши приватно обезбедување во вид на давање на услуги, односно правното лице кое врши приватно обезбедување за сопствени потреби.

3. Здравствено и психофизички е способно и

4. Со правосилна пресуда или со правосилна одлука на прекршочен орган не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност.

(3) Правните лица од став (2), точка 2 на овој член се должни да поднесат барање за издавање на легитимација за обезбедување до Комората во рок од 30 дена од засновањето на работниот однос со работник за обезбедување.

(4) Во случај кога работникот за обезбедување не исполнува еден од условите утврдени во став (2) на овој член, правното лице кое врши приватно обезбедување му ја одзема легитимацијата за обезбедување и истата ја доставува за поништување до Комората, во рок 30 дена од денот кога е константирано дека работникот не го исполнува условот.

(5) Доколку правното лице од став (4) на овој член не е во можност во предвидениот рок да ја врати легитимацијата на Комората за поништување, тоа е должно во рокот од став (4) на овој член да ја извести Комората за неисполнување на еден од условите утврдени во став (2) на овој член од страна на работникот за обезбедување и веднаш да ја огласи легитимацијата за неважечка во ,,Службен весник на Република Северна Македонија”.

(6) Работникот за обезбедување е должен на барање на правното лице од ставот (4) на овој член да му ја врати легитимацијата за обезбедување.