Лиценца

Простор

Центар за обука Центарот за обука претставува опремена и уредена сала со површина од околу 80 м2, на приземје, со директна дневна светлина, лесно

Повеќе »
Play Video
Play Video

Лиценца

ЗАКОН ЗА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ (Службен весник на РМ бр. 166/12, 164/13)

Општи услови за физичко лице за вршење приватно обезбедување

Лиценца и легитимација за приватно обезбедување

Член 20

(1) Приватно обезбедување може да врши физичко лице кое поседува:

1. лиценца за приватно обезбедување (во натамошниот текст: лиценца за обезбедување) и

2. легитимација за приватно обезбедување (во натамошниот текст: легитимација за обезбедување).

(2) Лиценцата за обезбедување и легитимацијата за обезбедување ги издава Комората, ако физичкото лице ги исполнува условите утврдени со овој закон.

Видови на лиценци за обезбедување

Член 21

Лиценца за обезбедување може да му се издаде на физичко лице како :

1. лиценца за физичко обезбедување и

2. лиценца за техничко обезбедување.

Услови за издавање на лиценца за обезбедување

Член 22

(1) Лиценцата за обезбедување од овој закон се издава на физичко лице кое ги исполнува следниве услови:

1. е државјанин на Република Северна Македонија;

2. има живеалиште во Република Северна Македонија;

3. има навршено 18 години;

4. поседува општа психофизичка здравствена способност, што го докажува со соодветно лекарско уверение кое не смее да биде постаро од три месеци;

5. не е осудено со правосилна судска пресуда или против него не се води кривична постапка за кривично дело за кое се гони по службена должност;

6. има завршено најмалку средно образование;

7. да е оспособен за физичко обезбедување лица и имот, односно да е оспособен за техничко обезбедување лица и имот и

8. да има положено стручен испит за физичко обезбедување, односно да има положено стручен испит за техничко обезбедување.

(2) Физичките лица кои завршиле високо образование од областа на безбедноста и криминалистиката може да го полагаат стручниот испит од став (1) точка 8 на овој член во рок од десет години од денот на стекнување со диплома за завршено соодветно високо образование, без претходно оспособување за приватно обезбедување.

(3) Одредбите од став (1) точките 7 и 8 на овој член не се однесуваат на лицата кои најмалку три години извршувале работи и работни задачи како овластено службено лице во Министерството или Министерството за одбрана.