Собрание

Простор

Центар за обука Центарот за обука претставува опремена и уредена сала со површина од околу 80 м2, на приземје, со директна дневна светлина, лесно

Повеќе »
Play Video
Play Video

Собрание

Собранието е највисок орган на Комората.

Собранието на Комората го сочинуваат овластени претставници со легитимација од правни лица кои вршат приватно обезбедување, кои се здружени во Комората.

Правно лице кое има дозвола за вршење на приватно обезбедување во вид на давање на услуги, за вршење на физичко обезбедување, кое има помалку од 15 легитимации за физичко обезбедување, нема право на присуство на седница на собрание.

Правно лице кое има дозвола за вршење на приватно обезбедување во вид на давање на услуги, за вршење на физичко обезбедување, кое има од 15 до 30 легитимации за физичко обезбедување има право на 1 глас на седница на Собрание.

Правно лице  кое има дозвола за вршење на приватно обезбедување во вид на давање на услуги, за вршење на физичко обезбедување, кое има од 31 до 45 легитимации за физичко обезбедување има право на 2 глас на седница на Собрание и понатаму уште по еден глас на секои следни 15 легитимации за физичко обезбедување.

Правно лице кое има дозвола за вршење на приватно обезбедување во вид на давање на услуги, за вршење на техничко обезбедување, кое има помалку од 3 легитимации за техничко обезбедување, нема право на присуство на седница на собрание.

Правно лице  кое има дозвола за вршење на приватно обезбедување во вид на давање на услуги, за вршење на техничко обезбедување, кое има од 3 до 6 легитимации за техничко обезбедување има право на 1 глас на седница на Собрание.

Правно лице кое има дозвола за вршење на приватно обезбедување во вид на давање на услуги, за вршење на техничко обезбедување, кое има од 7 до 10 легитимации за техничко обезбедување има право на 2 гласа на седница на Собрание и понатаму уште по еден глас на секои следни 3 легитимации за техничко обезбедување.

Правно лице  кое има дозвола за вршење на приватно обезбедување за сопствени потреби, за вршење на физичко обезбедување, кое има помалку од 10 легитимации за физичко обезбедување, нема право на присуство на седница на Собрание.

Правно лице кое има дозвола за вршење на приватно обезбедување за сопствени потреби, кое има од 10 до 20 легитимации за физичко обезбедување и е здружено во Комората има право на 1 глас на седница на Собрание.

Правно лице кое има дозвола за вршење на приватно обезбедување за сопствени потреби, кое има од 20 до 30 легитимации за физичко обезбедување и е здружено во Комората има право на 2 гласа на седница на Собрание и понатаму уште по еден глас на секои следни 10 легитимации за физичко обезбедување.

Правно лиоце кое има повеќе гласови за Седница на Собрание, има обрвска да овласти 1 лице да ги претставува и застапува правата и интересите на правното лице со број на гласови соодветно на бројот на службени легитимации.

Доколку правното лице има дозвола за вршење на физичко обезбедување и дозвола за вршење на техничко обезбедување може да овласти по 1 претставник за секој вид на обезбедување.

Овластеното лице го докажува својот легитимитет за присуство на седница на Собрание со валидно полномошно од правното лице.

Собранието може да се одржи по потреба.

Вонредна седница на Собранието на Комората може да свика Претседателот на Комората или во случај на негова спреченост член на Управен Одбор, со писмено овластување од Претседателот на Комората. Претседателот или овластеното лице ја свикува вонредната седница на Собрание на Комората со одлука на Управниот одбор, донесена со просто мнозинство од вкупниот број на членови на Управниот одбор или на писмено барање од најмалку 40 % од вкупниот број на членови на Комората.

Доколку Претседателот на Комората, или овластеното лице не ја свика седницата во рок од еден месец од денот на донесувањето на Одлуката на Управниот одбор, односно од поднесувањето на писмено барање за свикување на седницата, седницата ќе се свика со Одлука на Управниот одбор донесена со двотретинско мнозинство од вкупниот број на членови на Управниот Одбор.

Начинот на свикување, работење на Собранието, редот и дисциплината, утврдувањето на дневниот ред, како и начинот  на одлучување, се регулира со деловник за работа на Собранието.

Собранието на Комората донесува:

1. Статут на Комората
2. Деловник за работа на Собранието
3. Кодекс на професионалната етика на лицата за вршење на работи на приватно обезбедување
4. Правилник за дисциплинска одговорност и дисциплинска постапка
5. Одлуки, заклучоци и препораки
6. Избира членови на Управен одбор
7. Избира надзорен одбор и други комисии ( постојани или времени)
8. Одлучува за висината на чланарината и начинот на плаќањето
9. Усвојува годишна сметка на изминатата година
10. Усвојува програма за работа на Комората за наредната година
11. Разгледува и усвојува извештај за севкупните активности и работа на Комората, како и поединечни извештаи.
12. Врши и други работи утврдени со Закон

Со собранието раководи претседателот на Комората, а во случај на негова спреченост, со Собранието раководи член на Управен  одбор, писмено овластен од Претседателот на Комората , исклучиво за таа седница.

Собранието ги избра членовите на:

Надзорен Oдбор
Игор Ангелковски – Патрол ЛТД, Скопје
Ристо Мелков – Армор Секјурити, Гевгелија
Александар Колевски – АД ЕЛЕМ, Скопје

Дисциплински совет
Златко Миткоски – Секјурити МК Агенци, Прилеп
Горан Тасевски – Готас, Куманово
Дејан Хаџи Крстески – ЕВН Македонија АД, Скопје