Простор

Центар за обука Центарот за обука претставува опремена и уредена сала со површина од околу 80 м2, на приземје, со директна дневна светлина, лесно

Повеќе »
Play Video
Play Video

Заштита на лични податоци

Офицер за заштита на лични податоци:

м-р Сања Керметчиева, Секретар

 e-mail: sanjak@obezbeduvanje.org.mk

тел. 070-330-680

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување  (во натамошниот текст: Комората за приватно обезбедување), со седиште на ул. 50 Дивизија, бр.34, Скопје, Република Северна Македонија.

Комората за приватно обезбедување е самостоен и независен субјект во кој сите правни лица кои дејноста приватно обезбедување ја вршат во вид на давање на услуги се здружуваат заради заштита и унапредување на стручноста, професионалноста и деловноста и заради заштита на професијата. Правните лица кои вршат приватно обезбедување за сопствени потреби може да се здружуваат во Комората.

Комората за приватно обезбедување во вид на јавни овластувања ги врши следниве работи: организира оспособување за вршење на работи на приватно обезбедување; организира полагање на стручен испит за вршење приватно обезбедување; издава лиценца за обезбедување; издава легитимација за обезбедување; издава потврда согласно член 13 став (1) точка 3 и став (2) точка 3 и член 14 став (1) точка 3 од Законот за приватно обезбедување; организира гаѓање за работниците за обезбедување, со огненото оружје со кое се вооружени, најмалку еднаш годишно; донесува акти на Комората; води евиденции согласно закон и врши други работи утврдени со закон.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Чии податоци собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

⎯        Баратели на јавно овластување (кандидати за оспособување, полагање стручен испит,  лиценца,  легитимација,  контролно  гаѓање  и  др  јавно  овластување

согласно Законот за приватно обезбедување). Овие барања/пријави содржат информации за идентитетот на подносителот на барањето и лични податоци, согласно Законот за приватно обезбедување .

⎯        Лицата  кои  поднесуваат  известувања  и  барања  до  Комората  за  приватно обезбедување. Во овие случаи ова може да вклучува и лични податоци на контролорот и на офицер за заштита на личните податоци. Овие податоци имаат ограничен обем и се тесно поврзани со јавните овластувања и професионалните активности на Комората за приватно обезбедување.

⎯        Лица  кои  бараат  пристап  до  информации од  јавен  карактер  врз  основа на

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

⎯        Учесници  на  обуки,  конференции  и  настани–  Лични  податоци  за  цели  на спроведување на обуки и настани организирани од Комората за приватно обезбедување

Серверски логови

Веб страната на Комората користи серверски логови со IP адреси, за да го подобри квалитетот на веб страната.IP адресата самата за себе не е доволна за да се идентификува некое лице, но може да послужи за тоа во комбинација со други податоци како евиденција од интернет провајдери при истрага за кривични дела.

Употреба на колачиња (cookies)

Веб страната на Комората користи колачиња, кои не овозможуваат пристап до личните податоци од трета страна.

Нашите членки или соработници може да користат свои колачиња кои Комората не ги контролира и се оградува од можна злоупотреба на личните податоци собрани преку колачиња на други веб страници.

Категории на податоци кои се обработуваат

Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат: Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да постапиме, како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на обезбедување на лица и имот, обезбедување на повратни информации, поднесување на барања и иницијативи или друго јвано овластугвање на Комората за приватно обезбедување.

Комората за приватно обезбедување може да собира некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

⎯ преку нашиот email: info@obezbeduvanje.org.mk; sanjak@obezbeduvanje.org.mk

⎯ преку лична достава на: пријава за оспособување, пријава за полагање, барање за лиценца, барање за легитимација, барање за контролно гаѓање, барање за издавање потврда и др. согласно јавните овластувања врз основа на законот за приватно обезбедување или други поднесоци

⎯ преку пошта,

⎯ по факс,

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци се извршуваат од страна на вработените одговорни за соодветните активности.

Комората не споделува податоци за Вас на трети лица, освен по барање на Министерството за внатрешни работи, суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Комората за приватно обезбедување.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се: да бидете информирани за обработката на личните податоци; право на пристап до личните податоци; право на исправка и бришење на личните податоци; право на ограничување на обработката на личните податоци; право на приговор.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци м-р Сања Керметчиева на следниов e-mail: sanjak@obezbeduvanje.org.mk

Право на поднесување на барање до Комората за приватно обезбедување

Ако сметате дека начинот на кој Комората за приватно обезбедување ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Комората за приватно обезбедување или согласно Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Линкови до други веб страници

Веб страницата на Комората содржи линкови (врски) до други страни.Комората не е одговорна за содржината на страните до кои има линкови (врски). Комората не е одговорна за било каков пренос на податоци кој настанал со страницата со која има линк врска). Поставувањето на линк (врска) во никој случај не значи дека Комората ги поддржува или прифаќа ставовите и гледиштата објавени на тие страници.

Ослободување од одговорност

Комората не прифаќа било каква одговорност за штети настанати од склучување на договори, водење судска постапка или друго, доколку штетата настанала поради користење или поради неможност за користење на веб страницата или поради одлука која била донесена како резултат на посета на веб страницата. Материјалите кои се поставени на веб страницата на Комората, со исклучок на регулативата, претставуват наши гледишта, ставови и моментални состојби, истите не се правен или стручен совет и за секоја конкретна област на интерес потребно е формално обраќање до Комората.