Претседател

Простор

Центар за обука Центарот за обука претставува опремена и уредена сала со површина од околу 80 м2, на приземје, со директна дневна светлина, лесно

Повеќе »
Play Video
Play Video

Претседател

Verica Mileska Stefanovska

м-р Верица Милеска Стефановска

Мандат 2024 -
Мандат 2020 – 2024
Мандат 2016 – 2020
Мандат 2012 – 2016
Мандат 2010 – 2012

Тихомир Николоски


Мандат 2000 –2010

Претседателот на Комората ги има следниве права и обврски:

– ја претставува и застапува Комората,
– ги закажува седниците на Собранието и Управниот одбор,
– дава писмено овластување за член на Управен Одбор, кој ќе раководи со седница на Собрание, во случај на спреченост на Претседателот,
– ги спроведува одлуките на Собрание,
– ги спроведува одлуките на Управниот Одбор,
– ги спроведува одлуките на Дисциплинскиот совет,
– ги потпишува записниците на Собранието и Управниот Одбор,
– ги потпишува општите акти на Комората и се грижи за нивно извршување,
– ги потпишува патните налози за патување во земјата и странство,
– ја организира стручната служба на Комората,
– се грижи за работењето на Комората да се врши според законските прописи, Статутот и другите акти на Комората,
– подготвува извештај за работењето на Управниот одбор и другите органи и ги доставува до Собранието на Комората,
– одлучува за ангажирање надворешни лица – еминентни стручњаци од поедини области, кои ќе учествуваат во работата на Стручниот совет,
– се грижи за заштита на угледот на Комората и сите членови,
– донесува решенија, наредби, упатства и налози за спроведување на одлуките на Собранието, Управниот одбор, дисциплинскиот совет, како и решенија на Министерот за внатрешни работи,
– назначува мандатно верификациона комисија
Врши и други работи што му се во надлежност со Законот, Статутот и други подзаконски акти на Комората. Во случај на спреченост на Претседателот замената ја врши член на Управниот одбор што ќе го определи Претседателот на Комората.

Претседател на Управниот Одбор се избира од членовите на Управниот Одбор, со просто мнозинство од вкупниот број на членови на Управниот Одбор.

Претседателот на Управниот Одбор е со мандат 4 ( четири ) год, со право на реизбор.

Гласањето за избор на Претседател на Управниот Одбор е јавно.

Претседателот на Комората може да биде разрешен од должноста претседател спротивно на неговата волја до колку:

– не работи во согласност со законските прописи,
– не ги почитува одредбите на овој Статут, одлуките на Собранието и Управниот Одбор, дисциплинскиот совет и истите не ги спроведува или ненавремено ги спроведува,
– доколку со своето работење како Претседател причини материјална штета на Комората,
– доколку биде осуден за кривично дело со умисла и одлуката стане правосилна.
Иницијатива за сменување на Претседател на Комора може да покренат најмалку две третини од членовите на Управниот Одбор или најмалку 40 % од вкупниот број на членови на Собранието.

Предлогот по иницијатива за разрешување на Претседател на Комората го утврдува Управниот Одбор, со двотретинско мнозинство. Одлука за разрешување на претседателот на Комората донесува Собранието на Комората, со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Собранието.