Информации од јавен карактер
Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување со пополнување на Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во Комората на Република Македонија за приватно обезбедување или да го симнат тука.
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адреса на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување ул. 50-та Девизија бр.34, 1000 Скопје на
e-mail: sanjak@obezbeduvanje.org.mk, како и на факс: 02 – 3298-073.
Граѓаните можат да се информираат за сите прашања од нивни интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и на телефон: 02-3225-000.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување за службено лице за посредување со информации од јавен карактер ја определи: м-р Сања Керметчиева.
Листа на информации од јавен карактер на Комората за приватно обезбедување