Простор

Центар за обука Центарот за обука претставува опремена и уредена сала со површина од околу 80 м2, на приземје, со директна дневна светлина, лесно

Повеќе »
Play Video
Play Video

26.10.2017 – Денови на приватно обезбедување 2017- Меѓународна конференцијата ,,Приватната и јавна безбедност -соработка и партнерство“- Скопје

На 26.10.2017 на Факултетот за безбедност, Скопје со почеток во 09.30 час. во рамки на годишната кампања “Денови на приватно обезбедување 2017” се одржа Меѓународна конференцијата ,,Приватната и јавна безбедност-соработка и партнерство“ во организација на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и под покровителство на Факултетот за безбедност- Скопје и во рамки на чествувањето на 40 годишнината од оваа високо образовна институција.

На конференцијата свое обраќање имаа Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Председателот на Комората на Рeпублика Македонија за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска и Деканот на Факултетот за безбедност проф.д-р Никола Дујовски.

Со свое учество од земјата и странство Конференциската програма ја збогатија и Директорот на Бирото за јавна Безбедност во МВР Лазо Велковски, проф. д-р Саше Герасимовски, доц. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, Генералниот секретар на CoESS -Катрина Пијана, Рунар Кралсен -председател на NHO Service на Норвешка, Бранко Слак -претседател на Словенечката зборница за приватно обезбедување, Габриел Бадеа-председател на Романската Федерација за приватно обезбедување и Лидија Столица -председател на Хрватскиот ЦЕХ заштитара,

Оваа голема меѓународна конференција беше фокусирана на теми за унапредување и професионализација на дејноста произлезени од потребите на вршителите на дејност приватно обезбедување во Република Македонија. Оваа година кампањата и конференцијата претставува дел од севкупните активности поврзани со јубилејот 40 години постоење и работа на Факултетот за безбедност, Скопје.

Преку поврзување на субјектите помеѓу јавниот, државниот и граѓански сектор се овозможи создавање на форма за прецизно дефинирање на опасностите од загрозување на безбедноста и директен придонес на приватното обезбедување кон безбедносниот систем на Република Македонија како интегрален дел.

Previous
Next