Trajnime dhe provime

Trajnime dhe provime

ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Програма за оспособување и полагање стручен испит за физичко обезбедување
Прирачник за оспособување за физичко обезбедување
Распоред за оспособување за физичко обезбедување

Пријава за оспособување
Пријава за полагање стручен испит
Општ образец

ТЕХНИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Програма за оспособување и полагање стручен испит за техничко обезбедување
Прирачник за оспособување за техничко обезбедување
Распоред за оспособување за техничко обезбедување

 

Закон за приватно обезбедување (Сл.весник на РМ бр.166/12)

Оспособување
Член 23

(1) Оспособувањето за физичко и техничко обезбедување од член 22 став (1) точка 7 од овој закон го организира Комората, а го вршат Комисија за оспособување за физичко обезбедување и Комисија за оспособување за техничко обезбедување кои ги формира министерот за внатрешни работи.

(2) Комисијата за оспособување за физичко обезбедување е составена од девет предавачи и нивни заменици, од кои седум предавачи и нивни заменици се претставници на Министерството и двајца предавачи и нивни заменици се претставници на Комората.

(3) Комисијата за оспособување за техничко обезбедување е составена од шест предавачи и нивни заменици, од кои четири предавачи и нивни заменици се претставници на Министерството и двајца предавачи и нивни заменици се претставници на Комората.

(4) Трошоците за оспособувањето се на товар на барателот на лиценцата за обезбедување.

Стручни испити
Член 24

(1) Стручните испити за физичко и техничко обезбедување од член 22 став (1) точка 8 од овој закон ги организира Комората, а се полагаат пред Комисијата за спроведување стручен испит за физичко обезбедување и Комисијата за спроведување стручен испит за техничко обезбедување кои ги формира министерот за внатрешни работи.

(2) Комисијата за спроведување стручен испит за физичко обезбедување е составена од осум испитувачи и нивни заменици, од кои шест испитувачи и нивни заменици се претставници на Министерството и двајца испитувачи и нивни заменици се претставници на Комората.

(3) Комисијата за спроведување стручен испит за техничко обезбедување е составена од шест испитувачи и нивни заменици, од кои четири испитувачи и нивни заменици се претставници на Министерството и двајца испитувачи и нивни заменици се претставници на Комората.

(4) Проверка на оспособеноста за ракување со огнено оружје како дел од стручниот испит за физичко обезбедување врши Комисија за проверка на оспособеноста за ракување со огнено оружје на Министерството составена од тројца полициски службеници и нивни заменици.

(5) Трошоците за полагање на стручните испити се на товар на барателот на лиценцата за обезбедување.