17.06.2026 – Тркалезна маса – „Недостиг на работна сила: од предизвик до можности,
преку активно стареење и искористување на позитивните искуства“

Комората за приватно обезбедување успешно организираше тркалезна маса – работна
сесија на тема:
„Недостиг на работна сила: од предизвик до можности, преку активно стареење и
искористување на позитивните искуства“
На настанот беа отворени важни прашања поврзани со недостигот на работна сила, со
посебен акцент на улогата на активното стареење и значењето на искуството на постарите
генерации како вреден ресурс на пазарот на трудот.
Целта на ваквите активности е да се поттикне дијалог и да се најдат одржливи решенија
за еден од најактуелните предизвици на современиот пазар на труд.

Leave a Reply