Врз основа на Програмата за работа за 2026 година, усвоена на седницата на Собрание одржана на 23.03.2026 год. Комората за приватно обезбедување отпочна со активности за измени и дополнувања на Законот за приватно обезбедување.
На 14.04.2026 год. се одржаа: работна средба за вршителите на физичко обезбедување (за услуги и за сопствено обезбедување) и работна средба за вршителите на техничко обезбедување, кога отпочна дискусија за потребите на вршителите на дејноста, предизвиците во работењето и други актуелни прашања за вршење приватно обезбедување за кои е потребно формално-правно уредување во регулативата.
Овие работни средби претставуваа прилика за вршителите на дејноста приватно обезбедување да изнесат свои предлози за унапредување на дејноста, како и можност да се согледаат правците на развој на дејноста и начините на најсоодветно имплементирање на правилни решенија што ќе бидат од интерес како за вршителите на дејноста, така и за поширокиот општествен интерес од областа на приватно обезбедување.



