За прв пат во приватниот безбедносен сектор, со поддршка од USAID North Macedonia и Strategic Development Consulting се назначуваат лица кои ќе се посветат на унапредување на родовата рамноправност во своите компании, подигнување на свеста за улогата на жените во приватното обезбедување и ќе претставуваат контакт лице за пријава на родово-базирана дискриминација на работнот место.
Амбасадорките за родовата рамноправност имат голема одговорност и бројни обврски во своите компании, но во исто време, тие сега се вмрежени и ќе обезбедуваат заемна подршка, помош и поттик за остварување на целта за поголема видливост на жените, препознавање на вредноста и нивно унапредување во кариерите во компаниите за приватно обезбедување.
Оваа активност е дел од проектот „Зајакнување на жените за лидерство и менаџмент во приватното обезбедување-Пеперутка“ за кој Комората доби грант во рамки на USAID North Macedonia проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем„ (Business Support Organizations-Champions project), кој го имплементира Strategic Development Consulting