Програмата за првиот Одбранбен форум 2023 опфати 5 панел дискусии, меѓу кои и посебен панел насловен „Приватното обезбедување и одбранбено-безбедносниот систем-идни можности и соработка“.
Модератор на панелот за приватното обезбедување беше м-р Сања Керметчиева, а панелисти беа: Проф д-р Јасмин Ахиќ, Декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедност од Сараево, м-р Верица Милеска Стефановска, Претседателката на Комората за приватно обезбедување, Проф д-р Александра Деаноска Трендафилова, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје и Проф д-р Оливер Бакрески, Про-декан на Филозофскиот факултет, Скопје.
Во овој панел беше укажано на значењето и улогата на приватното обезбедување особено во заштита на критичната инфраструктура, беша појаснета улогата на Комората за приватно обезбедување во Предлогот на Законот за критична инфреаструктура, потребата од вложување во квалитет на дејноста, предизвиците на соработка помеѓу јавната и приватната безбедност итн.