22.09.2022- Научно-стручна дебата „Јавната и приватната безбедност-преку координација и соработка до заедничка превенција на безбедносните ризици и закани„ и промоција на книгата „Јавна и приватна безбедност-координација и соработка”

Остварување на квалитетна соработка и координација меѓу приватното обезбедување и јавната безбедност претставува врвен приоритет за Комората за приватно обезбедување и Министерството за внатрешни работи. Соработката е институционализирана во 2018 год. со Меморандум за соработка, но останува интенцијата за надоградување и унапредување на координацијата заради ефикасно спроведување на законските надлежности и меѓусебно дополнување во организирањето и спроведувањето на безбедносни превентивни мерки и програми.
Научно-стручната дебата потврди дека приватното обезбедување со своите ресурси и капацитети е адаптирано на глобалните безбедносни состојби и може адекватно да одговори на потребите и проценките, но и да додаде нова вредност со што ќе се придонесе во тековното функционирање на традиционалните безбедносни чинители, а особено на полицијата.
Во рамки на настанот беше промовирана најновата публикација во издание на Комората насловена „Јавна и приватна безбедност-координација и соработка” од авторите Проф д-р Оливер Бакрески, Проф д-р Марјан Ѓуровски и м-р Лета Барџиева Миовска, која во истражувачкиот дел беше изработена со поддршка од Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност.

Агенда за настанот>>

Leave a Reply