20.06.2022-Министерство за одбрана

Претседателката на Комората за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска оствари работна средба со Министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Заеднички беше констатирано дека приватното обезбедување е значаен сегмент од безбедносниот систем на државата. Договорено е во работната група за изработка на Законот за критичка инфраструктура да се вклучи претставник од Комората за приватно обезбедување во функција на вклучување на сите актери од безбедносниот систем, со цел новиот законски проект биде сеопфатен и функционален. Се разговараше да се согледаат меѓународните искуства за поинтензивна соработка меѓу секторите одбрана и приватно обезбедување за да дојде до искористување на сите можности и ресурси согласно НАТО и ЕУ стандардите.
До крајот на годината ќе се потпише Меморандум за соработка на Воената академија и Комората за да се отворат нови хоризонти во едукацијата, обуката и човечките ресурси.
На крајот беше заклучено дека преку заедничка соработка ќе се придонесе да се создадат механизми за навремена превенција и справување со безбедносните ризици и идни општествени предизвици во државата.

Leave a Reply