26.01.2022-он лајн конференција „Спречување и борба против тероризмот: Националната и европската перспектива во идентификување и заштита на критичната инфраструктура“

Во организација на Националната конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) во рамки на десеттата сесија на Работната група – 4, Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) се одржа онлајн конференција на која свое обраќање имаше Секретарот на Комората м-р Сања Керметчиева на темата „Улогата на пр.обезб. во заштита на КИ во Р. С.Македонија“.
Во обраќањето беше истакната дека заштитата на критичната инфраструктура претставува сензитивно прашање, многу значајна тема за сите компоненти на безбедносниот сектор и главен предизвик на државата и беа истакнати следните клучни поенти:
Неопходно е воведување на генерички поим „заштита на КИ“. Заштитата на КИ треба да обезбеди тековно функционирање во редовни безбедносни услови, преку концептот на превенција, ефикасна процена и управување со безб.ризици, но во исто време и гаранција на висок степен на отпорност и брзо опоравување во услови на (воена, кризна, вонредна)безбедносна загрозеност.
Приватното обезбедување да остане носител на заштитата на КИ како најефикасна форма на заштита и непосреден придонес за јакнење на отпорноста на објектите од витален интерес.
Непосредната заштита треба да вклучи отворена, навремена и целосна соработка и координација на сите вклучени субјекти, како и размена на информации, преку пропишани процедури, што ќе се заснова на јавно-прив партн. ЈПП треба да остане клучна рамка за имплементација на полититките за заштитата на КИ.
Квалитетен напредок и кохерентноста на сите сегменти на заштита на КИ може да се оствари само со ефективна и ефикасна стратегија за заштита на КИ и адекватна регулаторна рамка.

Агенда за настанот >>>

Leave a Reply