27.10.2021 – Доделување благодарница на Проф. д-р Марјан Ѓуровски

По повод јубилејот од основањето и 20 годишнината од нормирањето на приватното обезбедување во Република Северна Македонија Комората за приватно обезбедување додели благодарница за Проф. д-р Марјан Ѓуровски за истакнати заложби и особен придонес вопозиционирање и раст и развој на дејноста приватно обезбедување.
Проф. д-р Марјан Ѓуровски реализира значителен придонес за креирање на стратегијата за развој на дејноста приватно обезбедување во Македонија и формулирање на нашата мисија и визија,која за прв пат во историјата на нашата дејност беше преточена во Стратегијата за развој на приватното обезбедување во Македонија 2016-2020
„Стратегијата е потребна поради професионализација, стандардизација на вршителите на дејност, гаранција за квалитет на услугата, поврзување на јавно-приватниот-граѓански сектор, како и за хармонизација со современите трендови во регулатива и пракса.“
Дополнително, проф. Ѓуровски е двигателна сила за бројни проекти за унапредување и промоција на дејноста како што се: „Безбедност на домот“, ,,Бела книга за приватнотот обезбедување”, Електронскиот каталог на секторот приватно обезбедување во РСМ и дава свој личен придонес во реализирање на различни специјализирани обуки, конференции и други форуми за поттикнување на дебата за натамошен развој на приватното обезбедување, за што сме особено благодарани како приватен безбедносен сектор.

Leave a Reply