22.10.2021 – Доделување благодарница на Проф – д-р Оливер Бакрески

По повод јубилејот од своето основање и 20 годишнината од формализирањето на приватното обезбедување во нашата држава Комората за приватно обезбедување додели благодарница за Проф. д-р Оливер Бакрески, кој е активен поддржувач на напредокот во приватниот безбедносен сектор, долгогодишен соработник на Комората и визионер за градење на приватно обезбедување во современа, професионална и стручна дејност.
Професорот Бакревски со своите избалансирани критички мисли, теоретски издржани и засновани на реалните состојби и потреби претставува генератор на прогресивни идеи за развој на приватното обезбедување, а неговиот придонес доминантно се препознава во неговите заложби за креирање стручна литература, која ќе остави траен белег за сегашните, но и идни генерации на вршители на приватно обезбедување, како и за пошироката академска и стручна јавност.
Научната и академска екпертиза на Проф. д-р Бакрески е преточена покрај останатото и во следните публикации во издание на Комората: Приватна безбедност–теорија и концепт; Корпорациски безбедносен систем; Планирање и процена на ризик; Безбедноста низ призмата на приватната безбедност; Приватен безбедносен сектор во Југоисточна Европа и дела од областа на заштита на критичната инфраструктура во РСМ.

Leave a Reply