22.12.2020 – Работна средба на претставници од агенциите за обезбедување кои работат на територија на Град Скопје со претставници од СВР Скопје, Оддел за превенција.

Работната средба е реализирана како континуитет на воспоставената соработка меѓу приватниот и јавниот безбедносен сектор, во функција на унапредување на комуникацијата и координацијата заради превенција во безбедноста на граѓаните.

На средбата беше истакната нужноста од будно и активно лоцирање на состојбите и активностите во услови на зголемена фрекванција на граѓани поради претстојните Новогодишни и Божиќни празници, особено во услови на примена на заштитни протоколи, ограничувања и мерки наметнати со пандемијата од Корона вирусот ковид 19.

Приватното обезбедување има воспоставено директна комуникација и соработка со полициските станици на подрачјето на Град Скопје, како и блиска координација со полициските службеници на терен, во врска со примена на јавните овластувања

Leave a Reply