27.03.2024 – Завршна конвенција, “Инклузивен омнибус-Амбасадор”  Скопје, Центар за обука на МВР

Проект во програмата Еразмус +:  „Инклузивен омнибус-дигитална работилница за различна работна сила“ стратешко партнерство за образование на возрасни  Оваа конвенција овозможи промоција и претставување

Повеќе »

Кодекс на професионална етика на вршители на дејноста обезбедување на лица и имот

Јас, како вршител на дејноста обезбедување на лица и имот, потврдувам дека својата работа ќе ја вршам согласно Уставот и законите на Република Македонија, грижејки се за заштита и унапредување на интересите на државата и заедничкото право на слобода, еднаквост, рамноправност и законитост.

Потврдувам дека законите ќе ги спроведувам правилно и човечно, секогаш со тенденција на решавање на споровите на мирољубив начин, воздржувајки се од примена на насилство и непотребна сила. Во вршење на мојата работа секогаш ќе се водам од правилата на професијата, моралот и етиката. Никогаш нема да дозволам моите лични чувства, предрасуди, политички убедувања и стремежи, омразата, љубовта, пријателските или роднински врски да влијаат врз донесување на моите одлуки и извршување на моите должности и обврски.

Свесен сум дека единствено јас сум одговорен за стандардите и нивото на професионалноста во вршење на дејноста обезбедување на лица и имот и секогаш ќе тежнеам достојно да ја извршувам својата професија, гордо стоејки зад службената легитимација и бранејки ја довербата која преку неа ми ја доделува македонската држава и јавност.

Личниот живот ќе го водам чесно и ќе се однесувам на начин кој нема да ме дискредитира мене, службата во која работам или странките со кои поради природата на работата, секојдневно имам контакти. Секогаш ќе се обидам да ги задржам присебноста во расудувањето, спокојот и самоконтролата.

Гарантирам дека секогаш ќе ги почитувам и со цело тело, душа и свест ќе ги исполнувам сите изјави кои во оваа прилика ги прифаќам како дел од мене и моето постоење, затоа што да се работи на обезбедување значи да се постои за друго човечко битие, за државата.