Стручните предавања на тема „Дејноста приватно обезбедување-регулатива, искуства и предизвици“ одржани од Проф д-р Јасмин Ахиќ, Декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии во Сараево на темата „Приватното обезбедување во заштита на критична инфраструктура„ и Проф д-р Желимир Кешетовиќ, од Факултетот за безбедност од Белград на темата „Кризно комуницирање како клучна функција на кризен менаџмент“ понудија нови знаења, споделени искуства и современи практики во области кои се актуелни и потребни за вршителите на приватното обезбедување во насока на натамошно унапредување и професионализација.