Претседателката на Комората м-р Верица Милеска Стефановска имаше свое обраќање во својство на воведничар на панелот насловен “Доживотно образование и вештини во индустријата приватна заштита”, укажува на важноста на континуираната едукација на вршителите на приватно обезбедување за унапредување на дејноста и ги претстави активностите на Комората за приватно обезбедување за организирање на специјализирани обуки за различни области.
Воедно, во рамки на панелот се дискутираше за знаењата и вештините потребни за обезбедување на критична инфраструктура, обезбедување на работна сила во секторот и сл.