Во период од 20 до 22. 02.2023год. Претседателката на Комората на РСМ за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска ја предводеше македонската делегација во состав проф.д-р Марјан Ѓуровски Претседател на Комитетот МКД НАТО 2030 при Министерството за одбрана на РСМ и проф.д-р Оливер Бакрески член на Поткомитетот за кризен менаџмент при Министерството за одбрана во работна посета на Словенечката зборница за приватно обезбедување и Управата за заштита и спасување на Р.Словенија.
Во рамки на проектот МКД НАТО 2030 и за потребите на реформскиот процес кој се спроведува преку него, каде што покрај повеќе организации и академски кадар партиципираат и претставници од Комората на РСМ за приватно обезбедување, македонската делегација оствари работна посета во Словенечката зборница за приватно обезбедување и Управата за цивилна заштита осносно Образовниот центар за цивилна заштита при министертво за одбрана на Р.Словенија.
Македонските претставници беа примени од Државниот секретар на МО на РС г-дин Руди Медвед и Директорот на Управата г-дин Леон Бехин. Помеѓу останатото на средбата беше разговарано и за поставеноста и функционирањето на системот за заштита на критичната инфраструктура во рамки на Министерството за одбрана. Посетата беше заокружена со работна средба со г-дин Бранко Слак претседател на Зборница за развој на словенското приватно обезбедување при што се разговараше за позитивните искуства од меѓуинституционалната соработка на јавната и приватната безбедност и улогата на приватниот безбедносен сектор во системот на национална заштита.