08.03.2023 – Редовна седница на Собрание на Комората, Центар за обука на МВР, Идризово

На 08.03.2023 год. во просториите на Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи се одржа редовна седница на Собранието на Комората за приватно обезбедување.
На седницата свое обраќање имаше Лидија Петрова Мојсовска, началничка на Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, при Оддел за граѓански работи во Министерството за внатрешни работи. Началничката Петрова Мојсовска пред членовите на Собранието ја претстави работата на предлог законот за измени и дополнувања на законот за оружјето.

Во оваа прилика Началничката Петрова Мојсовска посебно укажа дека до 04.06.2023 год. сите граѓани и правни субјекти имаат обврска да ги заменат дозволите за поседување на оружје, овластувањата за носење на оружје издадени до 31.12.2006 год. Началничката појасни дека барањето за замена на постојните дозволи може да се обезбеди на веб странаата на МВР moi.gov.mk или во Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи на МВР. Кон барањето за замена треба да се приложи: старата исправа, документ за идентификација (лична карта/тековна состојба), оружјето на увид и уплата на административни такси (со картичка или уплатница).

Началничката Петрова Мојсовска пред членовите на собранието на Комората се обрати во име на Ветон Кранлиевски, Претседател на Комисијата за контрола и надзор над работењето на Комората и правните лица кои вршат приватно обезбедување и воедно како член на истата комисија ја претстави работата на Комисијата во однос на издадени/одземени дозволи за приватно обезбедување и реализирани надзори во 2022 год.

На седницата на собрание свое обраќање имаше Проф. Д-р Марјан Ѓуровски, Претседател на Комитетот МКД НАТО 2030 при Министерството за одбрана и ја претстави работата на поткомитетите за изготвување на предлог акти за: Закон за критичната инфраструктура; Закон за кризен менаџмент и Националната стратегија за безбедност.

Во редовниот дел од седницата на Собранието беа усвоени: Извештај за севкупни активности и работа на Комората за 2022 год; Финансиски извештај на Комората за 2022 год. и усвојување на завршна сметка за 2022 год; Програма за работа за 2023 год;

Документи:

  1. Седница на Собрание >>>
  2. Извештај >>>
  3. Финансиски извештај >>>
  4. Програма >>>

Leave a Reply