Комората за приватно обезбедување и Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“потпишаа меморандум за соработка во функција на заеднички придонес за унапредување на приватната безбедност во нашата држава, а со тоа и на безбедноста воопшто.
Членовите на Управниот Одбор на Комората, Деканот на Воената академија Проф.д-р. Митко Богданоски и Продеканот Проф. д-р Ненад Танески се заложија преку вмрежување на приоритетите, задачите и активностите, размена на респектибилни капацитети и способности, заеднички организирани практични обуки за работниците за приватно обезбедување, трибини и работилници Комората за приватно обезбедување и Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ да придонесуваат за изградба на висока професионалност, посветеност и подготвеност на вршителите на приватното обезбедување во правец на остварување бенефит за сите засегнати страни, а секако на крајот за општ бенефит за безбедноста на граѓаните на Република Северена Македонија.