Организациите за приватно обезбедување од: Македонија (Комора на РСМ за приватно обезбедување), Словенија (Zbornica za razvoj slovenskega zasebnega varovanja), Хрватска (Hrvatski ceh zaštitara), Србија (Привредна комора Србије-Удружење за приватно обезбеђење и остале услужне делатности), Романија (Asociatia Romana a Industriei de Securitate) и Босна и Херцеговина (Komora agencija i unutrašnjih službi za zaštitu ljudi i imovine) потпишаа меморандум за регионална соработка со што формално ја потврдија заложбата за унапредување на дејноста приватно обезбедување преку меѓусебна соработка и координација, особено во однос на размена на знаења, искуства и практики, заедничко организирање на стручни и професинални настани, конференции, работилници и сл.