По повод 20 годишнината од основањето на Комората на РСМ за приватно обезбедување и етаблирањето на приватното обезбедување како нормирана, професионална дејност и активен учесник во националниот безбедносен систем Комората додели благодарница на Проф д-р Злате Димовски за неговиот континуиран придонес во продлабочување и надоградување на знаењата и вештините на вршителите на оваа дејност со јавни овластувања.
Проф. д-р Димовски својата експертиза ја преточи во неколку пишани дела- практични прирачници кои одговараат на актуелните потреби на дејноста и претставуваат релевантен одговор на современите закани и ризици и безбедносни предизвици, како што се: Прирачник за обезбедување на транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки; Обезбедување на лица и објекти; Заштита при терористички напади. Воедно, Проф.д-р Димовски ги споделува своите знаења и практични искуства со вршителите на дејноста приватно обезбедување преку спроведување на специјализира обуки.