18.10.2021 – По повод 20 годишнината од профилирањето на приватниот безбедносен сектор како активен учесник во интегралниот безбедносен систем со професионален и стручен кадар Комората за приватно обезбедување изразува должна почит и огромна благодарност за поддршката за раст и развој, која несебично ја манифестираа еминентни експерти од приватниот безбедносен сектор, научната и стручна јавност и релевантните чинители.
Оттука, Комората за приватно обезбедување доделува благодарница за Проф. д-р Марина Митревска за посебен придонес и заложба за унапредување на дејноста приватно обезбедување, особено со своето учество во следните активности: Научна стручна трибина-Професионализација–клучна развојна цел на стратегијата за развој на приватното обезбедување во Р. Македонија; Прирачник за обезбедување на критичната инфраструктура; Правци за иден развој на приватната безбедност во Република Северна Македонија; Обука за заштита на критичната инфраструктура.