Работната средба е реализирана како континуитет на воспоставената соработка меѓу приватниот и јавниот безбедносен сектор, во функција на унапредување на комуникацијата и координацијата заради превенција во безбедноста на граѓаните.
На средбата беше истакната нужноста од будно и активно лоцирање на состојбите и активностите во услови на зголемена фрекванција на граѓани поради претстојните Новогодишни и Божиќни празници, особено во услови на примена на заштитни протоколи, ограничувања и мерки наметнати со пандемијата од Корона вирусот ковид 19.
Приватното обезбедување има воспоставено директна комуникација и соработка со полициските станици на подрачјето на Град Скопје, како и блиска координација со полициските службеници на терен, во врска со примена на јавните овластувања