Во врска со отпочнување на имплементација на системот Безбеден град на 04.02.2026 година, Претставници од Комората за приватно обезбедување и вршителите на приватно обезбедување остварија работна средба во Министерството за внатрешни работи, на која присуствуваа Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски, Претседателот на Комисијата за надзор Горанче Савовски и државниот советник во кабинетот на Министерот, Владимир Велковски.
На оваа работна средба беше потврдено дека ќе продолжи соработката и координацијата помеѓу претставниците од Министерството за внатрешни работи и вршителите на приватно обезбедување, пред се во насока на исполнување на јавните овластувања и целта за ефикасно и навремено приватно обезбедување, засновано на почитување на регулативата и добрите практики во овој сегмент


