➡️ Уште 20 жени се стекнаа со нови знаења во областа на лидерството и менаџментот, комуникациските вештини, управување со човечки ресурси, родова рамноправност на работното место, рамнотежа помеѓу работата и животот, финансиската и дигиталната писменост, со што ги унапредија своите способности и вештини за лидерство и менаџмент.
Оваа обука е дел од проектот „Зајакнување на жените за лидерство и менаџмент во приватното обезбедување-Пеперутка“ за кој Комората доби грант во рамки на USAID North Macedonia проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем„ (Business Support Organizations- Champions project), кој го имплементира Strategic Development Consulting