25.01.2024 – ПОРТОКАЛОВ ДЕН – Лидија Столица, Претседателка на Хрватски цех на заштитари

Денес е ПОРТОКАЛОВ ДЕН.
Во рамки на проектот „Портокалова дланка-обединети во активизам против насилство врз
жените и девојчињата“ продолжуваме да споделуваме пораки за нулта толеранција на
родово-базирано насилство.
Проектот „Портокалова дланка“ иницираше активности на национално, но и на
меѓународно поле, па во оваа прилика ја споделуваме изјавата од Претседателката на
Хрватскиот цех на заштитари Лидија Столица.
Хрватскиот цех на заштитари отворено ја поддржува и презема иницијативата за
подигнување на свеста против насилство врз жените и девојчињата и најавува дека на
17.04.2024 година во Загреб ќе организира конференција за вршителите на приватно
обезбедување и други засегнати чинители на темата зајакнување на превенцијата во
борбата против насилство врз жените и зајакнување на јавните политики за родова
рамноправност.

Leave a Reply