Денес е „ПОРТОКАЛОВ ДЕН“ а тоа значи дека во рамки на проектот „Портокалова дланка-
обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата“ ја споделуваме пораката од
д-р Весна Попоска, Деканка на Правен факултет при Меѓународен универзитет Визион, Гостивар.
„Со ратификацијата на Истанбулската конвенција и донесување на Законот за спречување и
заштита од насилство врз жените и семејното насилство, националниот правен систем започна да
го препознава родово-базираното насилство како споделена одговорност на сите носители на
јавни овластувања, вклучително и компаниите за приватно обезбедување, кои се и најприсутни
како физичко обезбедување во јавниот простор.
Обврската за должно внимание или due diligence и свеста за постоењето на проблемот, како и
потребата за разбивање на стереотипите, помошта и прифаќањето на жртвите, но пред се,
превенцијата на нова „црна хроника“ , се само дел од пошироката кампања „Портокалова дланка“
на Комората за приватно обезбедување која приказната на 16 дена против насилство врз жените и
девојчињата ја проширија преку целата година како постојано актуелна тема и ова нивна
активност е повеќе од вредна за поддржување и споделување.“