Претставници на Комората присуствуваа на Adria Security Summit 2026, во Загреб. Учеството на овој значаен меѓународен настан претставува можност за следење на најновите достигнувања, иновативни технологии и напредни технички решенија во областа на безбедноста, со особен фокус на нивната практична примена во приватното обезбедување.
Преку размена на искуства и запознавање со современите решенија, Комората континуирано придонесува кон унапредување на квалитетот, ефикасноста и професионалното вршење на приватното обезбедување, следејќи ги современите европски и меѓународни трендови во безбедносниот сектор.






