04.06.2026 година, – Специјализирана обука “Примена на регулатива, оперативни процедури, внатрешна контрола и управување со безбедносен ризик“

Комората организираше специјализирана обука за менаџери “Примена на регулатива, оперативни процедури, внатрешна контрола и управување со безбедносен ризик“ за јакнење на улогата, одговорностите и професионалните компетенции на менаџерскиот кадар во секторот на приватно обезбедување.

Во текот на обуката беше истакнато дека менаџерите во приватното обезбедување имаат клучна и директна одговорност во воспоставувањето на безбедносните системи, донесувањето на оперативни одлуки и обезбедувањето на нивна законска, стручна и професионална заснованост. Посебен акцент беше ставен на значењето на нивното стручно знаење и компетентност како предуслов за квалитетно управување со безбедносните процеси и ефикасно справување со ризиците во пракса.

Во рамки на содржината беше нагласена централната улога на проценката на безбедносниот ризик како клучен предуслов за донесување одлука за примена на соодветни оперативни мерки за обезбедување. Беше потенцирано дека квалитетната и навремена проценка на ризик претставува основа за планирање, организација и спроведување на безбедносни активности, особено во услови на зголемена комплексност и динамика на безбедносното опкружување.

Дополнително, беше обработена темата за усогласеност со регулаторните барања и стандардите за работа, со посебен осврт на практичната примена при обезбедување на јавни собири, вклучително музички манифестации, спортски натпревари и други масовни настани, каде што барањата за организација, координација и одговорност се значително зголемени.

Посебен фокус на обуката беше ставен и на прашањата поврзани со кривичната одговорност при вршење на дејноста приватно обезбедување, со цел укажување на правните ризици, обврските и последиците од непочитување на законските прописи, како и значењето на доследно и законито постапување во секоја оперативна ситуација

Leave a Reply