08 – 09.10.2025 – Adria security summit 2025 – Скопје

На 08 и 09 октомври во Скопје се одржа десетто издание на Адриа секјурити самит, како најзначајна регионална платформа што ги обединува сите чинители кои се посветени на создавање побезбедни заедници – претставници на институции, експерти, компании, иноватори и професионалци од областа на безбедноста и технологијата.

Во рамки на Адриа секјурити самитот се одржа конференциски дел, во кој беше организиран посебен панел насловен „Научени лекции од инцидентот во Северна Македонија“ укажувајќи на најважните аспекти од работењето ан приватното обезбедување, во кој панелисти беа м-р Верица Милеска Стефановска, Горанче Савовски, Проф д-р Александра Деановска Трендафилова и Проф д-р Злате Димовски, а модератор беше м-р Сања Керметчиева.

Во рамки на Адриа секјурити самитот беше организиран саемски дел на којшто беа прикажани најновите технички достигнувања за безбедност, противпожарна заштита и други информатички и телекомуникациски решенија

Leave a Reply