Конференцијата беше во организација на Стопанска комора на Србија, Здружение на приватно обезбедување и други услужни дејности во Србија
Конференцијата имаше за цел да поттикне размена на искуства, добри практики и да отвори дијалог помеѓу професионалците од областа на приватното обезбедување, што е важен чекор напред во јакнење на регионалната соработка и развој на професионалните стандарди во секторот.
Во рамки на Панел 1 – „Заштита на критична инфраструктура: искуства, предизвици, перспективи и јакнење на ефикасноста во реализацијата“, свои значајни обраќања имаа: м-р Верица Милеска Стефановска – претседателка на Комората на РСМ за приватно обезбедување и м-р Горанчо Савовски- претседател на комисија за вршење на контрола и надзор над правните лица за приватно обезбедување
Нивните излагања беа насочени кон унапредување на пристапите за заштита на
критичната инфраструктура, идентификување на актуелните предизвици и можностите за
подобрување на ефикасноста во оваа стратешка област.




