На 24.01.2025 год. во СВР ОХРИД, е организирана работна средба помеѓу вршителите на дејноста приватно обезбедување, кои работат на територија на СВР Охрид, претставници од Комисијата за вршење на надзор и контрола, при Министерството за внатрешни работи, и Комората за приватно обезбедување.
Средбата има за цел воспоставување на директна комуникација помеѓу вршителите на дејноста и полициските службеници на територија на СВР Охрид во функција на квалитетна соработка и координација, заради вршење на професионално приватно обезбедување.