14.11.2024 – СОСТАНОК НА АМБАСАДОРКИ ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ

Комората избра 10 амбасадорки за родова рамноправност кои ќе се грижат за унапредување на родовата рамноправност во компаниите за приватното обезбедување во коишто се вработени, ќе бидат заштитници во случаи на дискриминација на вработените врз основа на пол и род, ќе се вложуваат за подигнување на свеста кај сите вработени за еднаквоста помеѓу жените и мажите на работното место и сл. На 14.11.2024 во Скопје се одржа прв состанок на Амбасадорки за родова рамноправност во приватното обезбедување кога беа договорени активности и чекори за натамошно дејствување во рамки на компаниите, Комората, промоција итн.

Leave a Reply