03 – 04.09 и 11-12.09.2024 – ОБУКА ЗА ЛИДЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ ЗА ЖЕНИ ВО ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Комората за приватно обезбедување организира дводневна Обука за лидерство и менаџмент за жени во приватно обезбедување.

Цели на обуката:

– стекнување знаења за лидерство и менаџмент и
– назначување на амбасадорки за родова рамноправност во приватното обезбедување.

Закажаните термини за спроведување на обуките се 03-04.09.2024 год. и 11-12.09.2024 год. во просториите на Комората, а истите ќе опфатат 6 предмети: основи на лидерство и менаџмент, комуникациски вештини, управување со човечки ресурси, родова рамноправност на работното место во приватното обезбедување, рамнотежа помеѓу работата и животот, финансиска писменост и дигитална писменост.

Учеството е бесплатно, ограничено само на 40 жени од компании за приватно обезбедување, членки на Комората.

Обуката за лидерство и менаџмент за жени во приватно обезбедување е дел од иницијативата ’’Зајакнување на жените за лидерство и менаџмент во приватното обезбедување–ПЕПЕРУТКА“, за којашто Комората доби грантова поддршка во рамките на USAID North Macedonia проектот “Активност за јакнење на деловниот екосистем” (Business Support Organizations – Champions Project), спроведуван од Strategic Development Consulting.

Leave a Reply