На 26.06.2024 год. Собранието на Комората за приватно обезбедување усвои Политика за
родова рамноправност на работното место во приватното обезбедување.

Политиката за родова рамноправност е дел од проектот ’’Зајакнување на жените за
лидерство и менаџмент во приватното обезбедување–ПЕПЕРУТКА“, за којшто Комората
доби грант во рамки на проектот “Активност за јакнење на деловниот екосистем”
(Business Support Organizations – Champions Project), кој го имплементира Strategic
Development Consulting финансиран од USAID North Macedonia.

Политиката за родова рамноправност има за цел да постави систем на генерални
принципи според кои ќе се раководат правните лица кои вршат приватно обезбедување при
градење на родово рамноправна околина во приватното обезбедување и при усвојување на
интерни правила, мерки, однесувања и практики кои ќе гарантираат рамноправни
можности и еднаков третман на жените и мажите во приватното обезбедување.

За прв пат во приватното обезбедување се дефинирани поимите: дискриминација на
работното место по основ на пол; еднакви можности на жените и мажите во приватното
обезбедување; Еднаков третман; Вознемирување врз основа на пол и Позитивна акција.
Мерки за родова рамноправност се: креирање на работна атмосфера на еднакви можности;
еднаков третман на сите вработени и кандидати за вработување во процесот на
регрутирање и селекција како и во процесот на напредување; баланс меѓу работата и
приватниот/семејниот живот; принцип „еднаква плата за еднаква работа“; еднаков пристап
до стручно усовршување, обуки и професионален развој подеднакво за сите вработени и
др.

Креирање нова електронска адреса: prijavidiskriminacija на домејнот на правното лице.

Амбасадори за родова рамноправност.

Компанија со најдобри практики за родова рамноправност.

Политика за родова рамноправност на работното место во приватното обезбедување

Инфографик политика за родова рамноправност

Leave a Reply