Денешниот „Портокалов ден“ го одбележува пораката од Г-дин Едуардо Кобас, Претседател на шпанската организација за приватно обезбедување и Претседател на Комитетот за социјален дијалог при КОЕС-Конфедерација на европски услуги за приватно обезбедување. Во рамки на проектот „Портокалова дланка-обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата“ остануваме посветени на мисијата да споделуваме пораки насочении кон вршителите на дејноста приватно обезбедувањсе, со кои тежнееме да влијаеме на подигнување на свеста за нулта толеранција на родово-базирано насилство.
Во име на Европскиот комитет за социјален дијалог за приватно обезбедување, силно ја
поздравуваме секоја иницијатива што ја зголемува свеста против насилството и
вознемирувањето од трета страна на работното место. Ние цврсто веруваме во потребата од
поразновиден, еднаков и инклузивен сектор кој јасно ја отфрла каква било форма на
дискриминација, особено врз жените.