Во Загреб во организација на Хрватски Цех Заштитара се одржа Меѓународна конференција ”ПРИВАТНА ЗАШТИТА 2024”. Претседателката на Комората на РС Македонија за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска учествуваше во панел дискусија на темата Индустријата на приватната заштита во ЕУ и Југоисточна Европа. Генералната секретарка на Комората на РС за приватно обезбедување м-р Сања Керметчиева со своето учество на оваа Меѓународна конференција ги претстави активностие на Комората во фокус на проектот ”Портокалова дланка – обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата”