06.12.2023 – „Портокалов феникс“, Декларација за обединето дејствување на приватниот безбедносен сектор-Денови на приватно обезбедување 2023

Деновите на приватно обезбедување 2023 се посветени на проектот „Портокалова
дланка-обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата“.

Проектот „Портокалова дланка“ се однесува на ефикасно и ефективно обединување
на секторот приватно обезбедување во активизам за подигнување на свеста против родово
базирано насилство и испраќање на гласна и јасна порака за нулта толеранција на секаква
форма на насилство. Целта е правилно информирање на вршителите во секторот приватно
обезбедување за сите форми на родо-базирано насилство, за родовите стереотипи и
предрасуди во однос на вршење приватно обезбедување, со намера за надминување на
родовите бариери и сите предизвици со кои се соочуваат вработените.

На 06.12.2023 год. беше организиран настанот „Портокалов феникс“ кога правните
лица за услуги за приватно обезбедување коишто се здружени во Комората отворено и
јавно потпишаа и промовираа Декларација дека ги осудуваат сите форми на насилство врз
жените и девојчињата и дека во своето работење ќе се залагаат за:
– Создавање на приватен безбедносен сектор и заедница ослободена од родово
базирано насилство,
– Зајакнување на сопствените компаниски и човечки капацитетите за препознавање и
спречување на насилство врз жените и девојчињата.
– Учество и поддршка на кампањи и програми за подигање на свеста, или други
форми на едукација.
– Промовирање на квалитетни примери за нулта толеранција за насилство врз жените
и девојчињата и друг вид насилство.
Во таа смисла, компаниите за приватно обезбедување отворено ја изразуваат
подготвеноста да иницираат промени во организациската култура и интерното работење во
насока на нулта толеранција за било каква форма на насилство. Тоа ќе се пресликува кон
вработените, кон местото каде што се врши услугата односно клиентите и воопшто во
заедницата.

Leave a Reply