25.11.2023 – ПОРТОКАЛОВ ДЕН, Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи

Денешниот ПОРТОКАЛОВ ДЕН го одбележува видео обраќањето од Министерот за
внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на проектот „Портокалова дланка-
обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата„.

➡️ Изминативе години во светот и кај нас во голема мера се рушеа предрасудите околу
родовото насилство, особено насилството врз жените и девојчињата.
Колку повеќе се соочувавме со оваа проблематика, толку повеќе растеше свесноста за
целокупната сложеност, специфичност, условеност на проблемот, односно колку и во која
мера оваа социо-патолошка појава објективно ги тангира речиси сите сегменти на
општественото живеење и функционирање.
Во оваа прилика сакам лично, а низ призмата на полициската практика да посочам дека во
поглед на насилството врз жените ние не се соочуваме само со семејната
дисфункционалност, туку со низа сериозни социо-економски фактори, со културно –
традиционалистички квази-вредности, со образовно-воспитни субстандарди, со социо-
патолошки и криминогени фактори, кои што лежат во заднината на оваа општествено, но и
индивидуално крајно сериозна проблематика.
Нема дилема дека родово базираното насилство, односно Семејното насилство е сериозен
проблем и бара внимание и постапување од соодветните институции по поднесена
пријава, се со една единствена цел, а тоа е заштита на жртвите и казнување на сторителите
на насилството.
Во пресрет на глобалната акција на Обединетите Нации – 16 дена активизам против
родово базирано насилство потребно е сите заедно како општество, но првенствено и како
луѓе солидарни и сочувствителни едни кон други поамбициозно и поорганизирано да
продолжиме во елиминирањето на ова зло – насилството кон жените и девојчињата. 
На крајот ќе цитирам делови од Општата Декларација за правата на човекот на ООН:
„Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви во достоинството и правата. Секој има право на
живот, слобода и на лична сигурност. Никој не смее да биде држен во ропство или ропски
однос. Никој не смее да биде подложен на мачење или на сурово, нечовечко или
понижувачко однесување или казнување. Сите сме еднакви пред законот и имаме право
без дискриминација на еднаква заштита !“
Секогаш да ги имаме на ум овие фундаментални вредности и стандарди  соочени со
предизвикот на родово насилство.
Можеме  и мораме да ги заштитиме жените и девојчињата, сите да бидеме дел од
Портокаловата дланка-обединети во активизмот против насилството!

Leave a Reply