04 и 05.08.2023 – Дводневна специјализирана обука за сопствено обезбедување за АЛКАЛОИД АД, Скопје

На 04 и 05.08.2023 во просториите на Алкалоид АД, Скопје се организира
специјализирана обука за начинот на користење на овластувањата на
вработените во службата за приватно обезбедување, со посебен осврт на
техники за употреба на средства за присилба; техники на преглед на лица и
багаж; задржување и постапување со лице затечено во извршување на
кривично дело во обезбедуваниот простор; проценка на ранливост,
загрозеност и ризици; административни и безбедносни зони; справување и
менаџирање со ризик и конфликти и др.

Оваа обука опфати теоретски предавања и практични вежби, коишто се
специфично креирани за потребите и состојбите во фирмата, а со цел
унапредување на знаењата и вештините на вработените, како и примена на
наученото преку практични вежби по сценарио.

Обуката ја спроведува Проф д-р Злате Димовски.

Leave a Reply