25.06.2023 – ПОРТОКАЛОВ ДЕН – Габриела Кулебанова, потпретседателка на Сојузот на стопански комори.

Денес е ПОРТОКАЛОВ ДЕН. И секој следен 25 ти ден во месецот ќе биде обоен во портокалово,
затоа што за Комората за приватно обезбедување борбата против родово базираното насилство е
исклучитено важна тема.
Токму зарад тоа Комората иницираше проект насловен „Портокалова дланка-обединети во
активизам против насилство врз жените и девојчињата“.
Овој проект предвидува различни форми на активизам во насока на подигнување на свеста на
вршителите на приватно обезбедување против родово базирано насилство.
За денешниот Портокалов ден проследете ја изјавата на Габриела Кулебанова, потпретседателка
на Сојузот на стопански комори.
"Застапеноста на приватното обезбедување во секојдневното функционирање на сите компании е
неизоставен сегмент и важен фактор. Во ова време на предизвици, заеднички воспоставуваме
грижа за сите вработени, а воедно и меѓусебна поддршка за остварување на целите во
работењето. Во основните цели се стремиме заеднички и за откривање и превенирање на
родовото базирано насилство.

Сојузот на стопански комори застапувајќи ја бизнис заедницата со членки од големи, средни, мали
и микро компании е против секаква форма на родово базирано насилство и го поддржува
проектот на Комората за приватно обезбедување за подигнување на свеста кај приватниот
безбедносен сектор во борбата против родово базираното насилство.
Секоја одговорна компанија се грижи за своите вработени и може да придонесе во борбата
против родово базирано насилство преку креирање и имплементирање на јасни политики и
процедури и вклучување во активизам како за оваа форма на насилство така и за сите останати.
Родово базирано насилство предизвикува стрес, анкциозност, намалување на самодовербата и
мотивацијатаи други последици на менталното и физичкото здравје на вработените. Трошоците
од родово базирано насилство се пресметуваат околу 2% од светскиот ГДП (1,5 трилиони $).
Заеднички, преку спроведување на информативни состаноци и одредување на правилни
активности и стратегии ќе се стремиме за намалување и превенирање на овој вид на насилство,
правејќи подобро општество за сите."

Leave a Reply