Претседателката на Комората на РСМ за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска учествуваше на работен состанок за изработка на Националната развојна стратегија, на кој присуствуваа претставници од стопанските комори во РСМ и претставниците од работната група.
На средбата присутните беа запознаени со досегашните резултати во процесот на подготовка на НРС, се разговараше за следните чекори во процесот и за предложената рамка за критериуми за избор на стратешките области во рамките на стратегијата.
Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, г-дин Фатмир Битиќи, го отвори состанокот со воведно обраќање, давајќи идеи за следниот период во процесот на подготовка на Националната развојна стратегија.
Овој проект на Владата на Република Северна Македонија е поддржан од Фондот за добро владеење на Британската амбасада во Скопје и од Министерството за финансии на Република Словачка. Процесот на создавање на НРС се реализира во партнерство со Канцеларијата на Постојаниот координатор на Обединетите Нации и Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.
Финалниот документ се очекува да биде готов до крајот на 2023 година и преку НРС да се мапираат тековните и постоечките предизвици на општеството и да се изградат соодветни капацитети, со цел државата да биде подготвена и да може успешно да се соочи со тие предизвици.