11 и 12.04.2023 – Специјализирана дводневна обука ЈАВНА И ПРИВАТНА БЕЗБЕДНОСТ

Партнерска организација на Бирото за јавна безбедност и Комората за приватно обезбедување.
Директорот на БЈБ м-р Сашо Тасевски и Претседателката на Комората м-р Верица Милеска Стефановска ја нагласија потребата од постојано вложување во унапредување на знаењата и вештините на полициските службеници и на работниците за приватно обезбедување, натамошна професионализација во примена на јавните овластувања и заложба за непосредна соработка и координација, а се во функција на безбедноста на граѓаните, имотот и заедницата.
Обуката е наменета за полициски службеници и вршители на приватно обезбедување, со цел заемно запознавање со делокругот на работење и регулативата за јавната и приватната безбедност, превенција, комуникација, непосредна соработка и координација и сл.
Оваа специјализирана обука посвети особено внимание на специфични аспекти од работењето во делот на: обезбедување на спортски натпревари и јавни манифестации, обезбедување на транспорт на пари и други вредносни пратки, начин на примена на средства за присилба, законски обврски за писмен извештај итн.
Посебна вредност на специјализираната обука претставува практичниот дел со вежби и игри на улоги, дискусијата и анализата на примери од пракса и најдобри практики со што се очекува да се придонесе за унапредување на работењето на полициските службеници и на вршителите на приватно обезбедување.

Агенда >>>

Leave a Reply