Во рамки на Одбранбениот форум 2023, кој го организираше Министерството за одбрана по повод членството во НАТО беше истакната посветеноста на реформа и зајакнување на одбранбениот систем, вклучувајќи ја заштитата на критичната инфраструктура, кризниот менаџмент, цивилната структура и др.
Свечено обраќање имаа: Министерката за одбрана Славјанка Петровска; амбасадорката на САД Анџела П. Агелер; Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг (видео обраќање); Директорот на Фондацијата Конрад Аденауер Даниел Браун и Претседателката на Комората за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска.
Претседателката на Комората за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска го истакна значењето на приватното обезбеудвање во заштита на критичната инфраструктура, којашто е од витален интерес за секоја држава, но воедно и со пошироко, регионално влијание поради интерконекцијата и можноста од домино ефект. Воедно, нагласи дека секторот приватно обезбедување ќе вложува во натамошен напредок и квалитет.
Програмата за првиот Одбранбен форум 2023 опфати 5 панел дискусии, меѓу кои и посебен панел насловен „Приватното обезбедување и одбанбено-безбедносниот систем-идни можности и соработка“.